Викендов се одржа DisruptSF  хакатон, кој трае 24 часа и се изработуваат многу различни проекти.

Vocalytics со помош на Машинско учење ги анализира видеата од вашиот говор со цел да ви помогне следниот пат да бидете подобри.

Системот е трениран со податоци од Microsoft да го анализира вашето тело, при што внимателно ги следи вашите раце и како истите ги движите, но во план се да ги следат и анализираат и другите невербални гестови на телото додека го држите вашиот говор.

Веќе има неколку решенија кои користат Вештачка Интелиганција за да им помогнат на ораторите да си ги подобрат своите вештини. Но овие сервиси не се фокусираат на вашето тело туку на самиот говор и како го давате говорот. Тоа се SpeechCoach.ai и Orai. Но од креаторите на Vocalytics, аргументираат дека кога ќе добиете подучување од човек, движењето на телото е секогаш битен елемент при држењето на вашиот говор.

Извори: TechCrunch

Претходна статијаШести годишен самит на Македонија 2025: Првокласен настан од глобален карактер
Следна статијаInstagram автоматски ќе ги пушта сите звуци на видеата штом еднаш ќе биде вклучен