Ако нешто научивме од последната деценија, тоа е дека видео игрите веќе не се наменети само за деца. Со оглед на изворедните графички можности и способности да се интегрираат движења, видео игрите стануваат интересни за сите генерации. Дури и Американската армија најде интересна можност како една видео игра може да ја искористи за реални потреби.

VIPE_Holodeck-820x420

Неодамна, Американската компанија “Northrop Grumman” ја претстави можеби најдобрата видео игра досега. Се работи за “Virtual Immersive Portable Environment (VIPE) Holodeck”, што всушност претставува холограмска платформа која изворедно ја симулира животната средина. Имено, се работи за систем кој е многу сличен на холограмските платформи од серијалот ”Ѕвездени патеки”.

“VIPE Holodeck” се состои од големи дисплеи кој овозможуваат да оној кој се наоѓа меѓу нив, се чувствува како навистина да е дел од целата симулација. Па така, оваа видео игра армијата на САД се решава да ја превземе како еден вид тренинг модул за војниците, полицајците и останатите припадници на безбедностите сили. Целта е да во оваа холограмска платформа се изведуваат различни вежби и да се тренираат борбени маневри, без ставање на една индивидуа во опасност.

vipe-holodeck2

Оваа иновативна идеја е направена од релативно ефтини хардверски компоненти, што ја прават лесна за оддржување и надградба. Опремена е со кинект сензори и камери кои го бележат секое движење помеѓу екраните. Дополнително системот, покрај тоа што е  компатибилен со ЗД очила, тој може да се поврзе и со ист таков систем кој се наоѓа на друга географска локација.

“VIPE Holodeck” овозможува високо квалитетна визуелизација на животната средина и лесно се прилагодува на секаква локација, било тоа да е канцеларија, симулационен центар или пак војнички шатор.

Рајан Фрост, еден од менаџерите во компанијата, вели дека предноста на ваквата виртуелна видео игра, е тоа што технологијата се развива многу брзо, а со тоа и можностите на самата платформа стануваат се поголеми. “Се што можете да помислите, можеме да го симулираме” – вели Фрост.

Останува да видиме дали развојот на оваа холограмска платформа ќе стане достапна и за пошироката публика.

Претходна статијаМожна Android конзола од Amazon
Следна статијаDell го претстави Wyse Cloud Connect