Microsoft иднината ја гледа во виртуелната и изменетата реалност, односно кога ќе се спојат двете, според нив наречена измешана реалност. Одличен пример за ова е новата View Mixed Reality опција во Windows 10, која е пред сѐ насочена кон едукативниот сектор.

Идејата е многу слична на изменетата реалност. Имено, се што треба корисникот да направи е да ја насочи камерата кон околината и потоа во неа може да вгради некој виртуелен објект. Најдоброто од се е што овој виртуелен објект не мора да биде предодреден – корисниците можат сами да го нацртаат во новата Paint 3D апликација.

Оваа технологија може да се искористи во подобрување на многу сфери на образованието. На пример, доколку децата учат за Марс и тамошните ровери, со View Mixed Reality ќе можат многу полесно да си ја претстават нивната големина, бидејќи (верувам и многу други луѓе имаат погрешна претстава), тие се многу поголеми отколку што личат на фотографиите. Исто така, View Mixed Reality може да биде одлична опција за изучување на биологија и медицина, но и многу други полиња на науката.

View Mixed Reality е можност која ќе биде достапна за секој Windows 10 компјутер, со тоа што на него ќе треба да има веб камера во боја, нешто што го имаат скоро секој лаптоп и таблет денес. Сепак, ова не значи дека Microsoft се откажува од HoloLens – тоа е уредот на кој најдобро може да се искуси оваа реалност и скоро сигурно тоа е начинот на кој децата од иднината ќе изучуваат во школите.

Извор: The Next Web, Engadget, CNET

Претходна статијаВиз Ер Скопскиот маратон го раздвижи срцето на Скопје
Следна статијаThe Light Phone е супер минималистички мобилен телефон со многу малку опции