tesla-autopilot

Веројатно најиновативниот производител на автомобили во моментов, неодамна го претстави новиот систем за автономно возење. Според Елон Маск, овој систем има многу повеќе можности од претходникот и како што може да се види на првите видеа, функционира дури и во градски услови.

Она што прво се забележува сепак е колку бавно се движи автомобилот. Видеото е забрзано и многумина од вас можеби ќе добијат претстава дека возилото се движи побрзо, но доколку се погледне на брзиномерот ќе се види дека брзината во градски услови не е повисока од 25 милји, во превод 40 километри на час, односно 55 километри на час на отворен пат. Причината за ова е ограничувањето на брзината, кое автономните системи „слепо“ го следат. Сепак, ќе биде интересно да се види како ќе се однесува системот на повисоки брзини.

Од друга страна, импресивно е колку добро системот ги забележува сите субјекти во околината, било дали се работи за сообраќајните знаци, останатите автомобили, велосипедистите или пешаците. На неколку места системот е можеби и претерано претпазлив со реакциите, барем споредено со луѓето, но ова е одличен почеток за технологија која само ќе продолжи да се развива низ годините.

Ова видео многу добро покажува и како работат камерите и алгоритмите на Tesla кои ја читаат околината. Вака можеби изгледа едноставно, но за да се „научи“ компјутер толку прецизно да ги препознава субјектите околу него бара особено многу време и работа. Самото тоа што Tesla верува дека технологијата е спремна за на пат, треба да е добар показател и за купувачите на нивните модели. Оваа технологија ќе се вградува во сите нови возила и за жал нема да биде достапна како надградба за постарите модели.

Подолу и забавено, односно реално видео од возењето, кое подобро може да ја долови брзината, но кое има помалку фрејмови и изгледа како малку да „сецка“. Сепак, верувам дека е доволно добар показател за тоа како би изгледало автомобилот да ве вози без воопшто да реагирате.

Извор: Mashable, BGR, Tech Crunch

Претходна статијаЛидери и лидерство – дали имаме избор?
Следна статијаВлијанието на Социјалните Мрежи