Италијанската компанија Vespa која е најпозната по своите скутери (мотори), отвара дивизија наречена Piaggio Fast Forward која е лоцирана во Бостон. Оваа компанија е решена да се посвети на нешто ново и поразлично од сите останати. Првиот нивни проект е роботот Gita кој е дизајниран да носи багаж на моторциклист или пешак. Една од најпрактичните работи за кои што може да се користи овој робот е при пазарување на намирници во локалните продавници.

Со висина од 0.6 метри Gita може да издржи товар од речиси 20 килограми. Максималната брзина која овој робот може да ја постигне е 35 километри на час. На горната страна има капак кој што се отвара за да може да се сместат намирниците во внатрешноста на роботот.

Нема временска рамка до кога потрошувачите ќе може да го очекуваат овој производ на пазарот. Од тука и неговата цена не е дефинирана. Од компанијата најавуваат дека оваа година ќе се вршат тестирања пред да се донесе било каква одлука.

Vespa се здоби со популарност по втората светска војна. Audrey Hepburn во 1953 година возеше ваков скутер во филмот Roman Holiday. Со својот уникатен дизајн ја освои јавноста тогаш, а ги има задржано симпатиите на пошироките маси и ден денес. Во музејот за модерна уметност во New York има изложено Vespa од 1955 година.

Преку оваа најнова иновација, компанијата сака да биде во чекор со најновите технологии кои се достапни на пазарот, а не само да биде позната како компанија популарна во минатото.

Извор: MoneyCNN, Engadget

Претходна статијаMicrosoft спрема Windows 10 Cloud оперативен систем, пандан на Chrome OS
Следна статијаSamsung на MWC ќе го претстави моќниот Galaxy Tab S3 таблет