Знаеме дека моделите од Tesla, особено Model S 100D, можат да бидат неверојатно брзи. Оттука можеме да претпоставиме што би било доколку Tesla произведе тркачки автомобил. Токму ова беше следната цел на компанијата, а ја реализираа преку модификација на најбрзиот Model S, за Electric GT шампионатот. Само 2,1 секунди се потребни за од 0 до 100 километри на час. Овој неверојатен податок е официјално потврден и од Electric GT. Ниту еден друг автомобил од сериско производство не е ниту блиску до оваа бројка. Обичниот Model S оваа брзина ја достигнува за 2,4 секунди.

За да се добие посакуваната модификација на Tesla Model S не е потребно многу. Околу 500 килограми се отстранети од возилото, сопирачките се надградени, моторот е со јачина од 778 коњски сили и што е логично обичните гуми се заменети со тркачки. Оваа верзија беше претставена минатата недела во Бирмингем, Велика Британија. Electric GT шампионатот за прв пат ќе се одржи во септември 2017 година, а ќе учествуваат 10 тима со 20 возачи и ќе има вкупно 7 трки.

Инаку првата најава за еден ваков автомобил од Tesla беше во март минатата година. Во ноември беше претставен првиот прототип P85+. Еден од проблемите кој мораше да биде разрешен е ладењето на батеријата. Овој проблем во нормални услови ги држи електричните автомобили подалеку од тркачките патеки. Сепак должината од само 60 километри е ограничување само по себе. Како и да е, ова е само еден добар почеток на шампионат кој што треба да се развива во иднина.

Извор: RoadAndTrack, Mashable

Претходна статијаKubo е робот кој ги учи децата да кодираат
Следна статијаПаметните телевизори со Android се мета на хакерски напади со изнуда на пари