Tesla на последната промоција ги претстави Semi Truck и Roadster. И двата автомобили се импресивни, но шоуто вечерта го украде моделот Roadster, кој има вртоглави перформанси – забрзува до стотка за неверојатни 1,9 секунди и постигнува максимална брзина повисока од 400 km/h. Сега, во нова серија твитови, Елон Маск најавува и дека спортскиот модел може да полета поради моќноста и перформансите кои ги има, што за некои делува импресивно, но за многумина е застрашувачко.

Ова е така бидејќи најпознатите производители на хипер спортски автомобили, како на пример Bugatti, посветуваат особено внимание на аеродинамиката, односно на “downforce” потисокот на подлогата кој го прави воздухот на повисоки брзини. Ова се постигнува со спојлери и со рамен и низок под и е исклучително важно за да го задржи автомобилот на патот. Всушност, секој автомобил кој може да вози над 300 km/h може да полета доколку нема доволно добар “downforce”.

Затоа и твитот на Елон Маск може да се сфати двострано. Веќе научивме дека тој обожува да кажува “WOW” информации во јавноста и твитот дека Roadster би можел и да полета на кратки дистанци секако дека делува импресивно, но повеќе застрашувачки. Имено, за автомобилот да може да се исконтролира во летот, ќе му требаат серија на крила – во ваква форма не само што не би можел да се контролира, туку дури би бил и опасен.

Тој сепак спомнува дека може да има специјален пакет со надградба, кој претпоставувам дека ќе има дополнителни крила, што на автомобилот ќе му овозможи да полета. Дали ова ќе вклучува и мотор кој ќе прави потисок за да го задржи автомобилот останува да видиме, но како и да е, засега овие тврдења на Маск делуваат нереални и веројатно направени за да ги оттргнат очите на јавноста од големите проблеми со производството – Tesla не може да произведе повеќе од 400 Model 3 автомобили месечно, а планира преку 100.000 годишно.

Извор: USA Today, Inquisitr, Inverse

Претходна статијаHonor 7X има 18:9 дисплеј со мала рамка, двојна камера и супер ниска цена
Следна статијаЗапочнаа пред-нарачките на Huawei Mate 10 Pro