Сите ја знаеме компанијата Tesla по производството на електрични автомобили. Но можеби за некого е новост тоа што оваа компанија произведува батерии кои што не се поврзани со нивните автомобили, туку се наменети за употреба во домовите. Истовремено со претставувањето на нивните соларни кровови (ќерамиди) ја претставија и втората генерација на нивните батерии наречена Powerwall 2.

Powerwall 2 батериите за разлика од нивната претходна генерација имаат двојно поголем капацитет. Претставени се како компактни, лесни за инсталирање како внатрешно така и надворешно во домот, на ѕид или на под. Истовремно безбедни за целото семејство, без жици кои би претставувале опасност за деца.

Од друга страна, доколку некој се одлучи да ја постави батеријата надвор од својот дом, треба да знае дека е водоотпорна и отпорна на прав. Основачот на Tesla, Elon Musk, очекува во иднина да продаде повеќе батерии отколку возила, затоа што според него постојат места во светот каде што нема доволно електрична енергија или истата е премногу скапа.

За овој производ компанијата дава 10 годишна гаранција. Димензиите на оваа батерија се 115 цм – 75,5 цм – 15,5 цм, додека пак тежината е 120 килограми. Може да работи на температура од -20 до +50 целзиусови степени.

Извор: Tesla, TechCrunch

Претходна статијаMSI најави претставување на две нови Z270 матични плочи
Следна статијаКако започнаа Anonymous и во што прераснаа