Tesla официјално започна со производството и инсталација на еден од најинтересните производи во ова модерно време. Се работи за соларни кровови, односно ќерамиди кои се ставаат наместо обичните ќерамиди кои ги има на повеќето кровови.

Во основа, целта на овој производ е да им овозможи на корисниците подобро искористување на кровната површина, а во исто време сето тоа да изгледа и естетски убаво, во споредба со ставањето на сончеви панели.

Покрај тоа, Tesla има уште еден производ којшто одлично се вклопува со сончевиот кров. Се работи за Tesla Power Wall, батерија која ќе ја чува произведената, а неискористена електрична енергија од кровот.

Како што беше најавено, Tesla оваа година започна со производство на сончевите кровови, а како што обично тоа го правата и со своите возила, првите купувачи се вработените во компанијата.

Па така, Елон Маск го замени својот стандарден кров со соларен и започна да го користи производот од својата компанија. На овој начин од Tesla се осигуруваат дека производите кои ги продаваат ќе бидат добро тестирани пред да им се понудат на пошироката јавност.

Одличен производ кој мора да признаеме би сакале да го користиме, а посебно што нашата земја има голем број на сончеви денови и е погодна за користење на оваа енергија.

Извор: The Verge, Bloomberg

Претходна статијаПрви фотографии од Galaxy Note 8 најавуваат Infinity Display и двојна камера
Следна статијаMoto G5S и G5S Plus се само минимално подобрување во однос на претходниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.