Неодамна низ социјалните мрежи имаше многу популарно видео, во кое кинески автобус кој вози над автомобили требаше да го реши проблемот со гужвите во сообраќајот. Многу луѓе беа импресионирани од оваа идеја и ова изгледаше како транспортот на иднината, но според стручните лица во оваа област ваков автобус нема никакви придобивки.

На крај, не само што испадна дека овој „импресивен“ автобус не донесува никакви придобивки, туку испадна дека луѓето кои стојат зад овој проект го направиле само за да привлечат пари од инвеститорите, без намера да го продолжат проектот.

Кинеските власти веќе уапсија 32 луѓе кои учествувале во оваа прилично детално елаборирана лага, односно сите вработени во компанијата Transit Elevated Bus Company (TEB) и нивниот главен менаџер Баи Жиминг.

Но, сигурно сѐ уште се прашувате што е проблемот со ваквото решение? Поради неговата висина, овој „автобус“ нема да може да помине под ниту еден мост и исто така не е доволно стабилен, односно може лесно да се преврти.

Згора на тоа, многу повисоки автомобили нема да можат да поминат под него, поради тоа што не е доволно висок, а тоа особено важи за автобуси и камиони. Всушност, за да функционираат ваквите автобуси, низ градовите не би смеело да има мостови, да се возат камиони и автобуси или пак премногу високи автомобили. Јас би рекол повеќе загуба отколку придобивка.

Со концептот има и други проблеми – тој скоро и да не може да сврти низ градските улици бидејќи е преширок (ниту една крстосница не е доволна за овие димензии), а исто така конструкцијата не е доволно цврста за да задржи поголем број на патници и има големи шанси за преполовување на автобусот ако се наполни до крај. Јас мислам дека и не треба да продолжуваме понатаму – факт е дека ова е само добра измама.

Додека не направиле филм за тоа како оваа компанија успеа да го убеди цел свет и особено инвеститорите дека го имаат транспортот на иднината, јас би рекол да не верувате во сѐ што ќе видите на социјалните мрежи, особено за некои супер иновативни решенија кои делуваат толку едноставно од типот „како не ни текна ова досега“.

Извор: Venture Beat, Fortune, Techspot

Претходна статијаXiaomi и Nokia ќе работат заедно на виртуелна реалност и вештачка интелигенција
Следна статијаWizz Air ја лансираше новата мобилна апликација