1800mph-maglev-2

Популарно наречените Maglev возовите претставуваат посебен вид на брзи возови чиј принцип на работа се базира на т.н. магнетна левитација. Тоа во пракса би значело дека самиот воз под дејство на електромагнетни сили лебди (левитира) над посебен вид на шини, што само по себе имплицира дека не постои сила на триење помеѓу возот и шините. На тој начин возот при неговото движење се соочува само со силата од отпорот на воздухот, која е всушност многу помала во однос на силата на триење, што овозможува да Maglev возовите да достигнуваат големи брзини. Единствената оперативна железница од овој вид се наоѓа во Шангај, Кина и таа го поврзува овој град со 30 километри одалечениот аеродром Пудонг. На оваа делница најголемата брзина која овој воз ја има достигнато изнесува неверојатни 501 km/h.

Но, доколку за момент помисливте дека оваа брзина е импресивна, информациите кои доаѓаат од Southwest Jiaotong University of China, велат дека прототипот на нивниот супер-маглев воз кој тие го развиваат и дизајнираат, теоретски може да достигне брзина и до 2900 km/h.

Проектот на научниците се базира на идеја стара околу 50 години, за транспорт низ вакуумска цевка. За реализација на проектот вработенинете на универзитетот направиле прототип на тестирачка платформа со дијаметар од 12 метри. Платформата е всушност вакуумски тунел во кој е поставена постоечката инсталација од магнетно-левитациските возови. Идејата за супер-маглев возовите произлегува од истражувањето на проект лидерот Dr. Deng Zigang, дека доколку брзината на маглев возот надмине 400 km/h, тогаш поради отпорот на воздухот се јавува загуба од 83% енергија за совладување на оваа сила.

Па водени од оваа идеја, тие направиле прототип на Maglev кој може да биде контролиран далечниски и истиот го поставиле во внатрешноста на нивната тестирачка платформа од која е извлечен целиот воздух. При тестирањето успеале да достигнат забрзување од 50 km/h што е далеку од потенцијалот кој може да биде достигнат. Но, резултатите од овој тест значат многу, бидејќи со тоа успеале да докажат дека митот за транспортот низ вакуум цевка на маглев возовите е сепак возможен, а според теоретските пресметки истите би можеле да достигнат брзина од 2900 km/h.

Луѓето кои работат на развој на оваа идеја се оптимисти дека за неколку години ова може да биде реалност. Сепак, ова издигнува многу прашања кој треба да бидат одговорени, на пример како би се постигнал и одржал вакуум во цевки со големи размери? Што би се случило при евенутална загуба и нарушување на вакумскиот простор?

Луѓето од Southwest Jiaotong University of China се сепак задоволни со досега достигнато и веруваат дека нивниот проект ќе продолжи да бележи успешни резултати.

Maglev1

Извор: Engineering

Претходна статијаFuji во соработка со IBM до нова прототип лента од 154ТВ
Следна статијаHomey – контролирајте го вашиот дом преку гласовни команди