Фото:Stratolaunch.com
Фото: Stratolaunch.com

Најголемиот авион на светот популарниот Stratolaunch е еден чекор поблиску до својот прв лет, откако неговите мотори биле за прв пат успешно тестирани. Сите шест мотори, со капацитет да лансираат ракета во вселената, биле успешно вклучени и тестирани.

Тестовите се развивале во три фази. Најпрво бил користен суплементарен тип на гориво за моторите да бидат наполнети, додека во втората фаза било вбризгано вистинско гориво. Во последната фаза секој од моторите бил засебно вклучуван и било набљудувано како истиот ќе се однесува.

Заклучокот од тестирањето е дека моторите се однесувале како што било очекувано, односно дека тестирањето е успешно.

Компанијата која стои зад овој авио-џин е основана во 2011 од еден од ко-основачите на Microsoft,  Пол Ален, а нејзина главна цел е да обезбеди евтин начин за пристап до вселената.

Најголемиот проект на компанијата, самиот Stratolaunch било предвидено да го освои небото уште во 2016-тата, меѓутоа очигледно првиот лет ќе го дочека дури наредната година.

Компанијата објави и соработка со неколку други компании кои имаат заедничка цел да овозможат поевтин начин за лансирање на сателити и ракети во вселената.

Извори: EngadgetThe Verge

Претходна статијаСимулациска вежба за борба против сајбер криминал
Следна статијаNest Secure – паметен систем за обезбедување за само $499