Stephen Hawking има ново предупредување во врска со опстанокот на човечката раса. Овој пат, како и неколку пати претходно, тоа е поврзано со развојот на опасната вештачка интелегенција. Решението го гледа во формирање на светска влада која би можела да се носи со овој проблем во иднина. Според него треба брзо да се препознае опасноста и да се реагира пред таа да излезе од контрола. Од друга страна создавање на некаков вид на светска влада може да донесе многу нови проблеми во светот.

Знаеме дека се напредува во полето на вештачката интелегенција, со цел да се олесни животот на луѓето. Но се почесто се поставува прашањето во врска со опасностите коишто таа вештачка интелегенција ги носи. Што се однесува до решението кое што Stephen Hawking го предложи во неговиот последен говор во Лондон, мислењата помеѓу експертите се поделени. Според многумина, не можеме да преживееме во иднина доколку се’ уште сме поделени живеејќи на иста планета, а притоа создаваме многу моќни инструменти коишто ќе бидат се понапредни како што поминува времето. Други пак се скептици во врска со формирањето на светската влада.

Слично мислење со Stephen Hawking дели и основачот на Tesla, Elon Musk. Според него технологијата во иднина може да ги направи луѓето ирелевантни. Денес вештачката интелегенција има потенцијал да биде дел од сите сфери на секојдневниот живот на човекот. Почнувајќи од автономните возила, преку паметните домови, смартфоните, компјутерите, машините за производство итн.

Извор: BusinessInsider, IflScience, Independent

Претходна статијаVolkswagen претстави нов и интересен беспилотен концепт
Следна статијаКако виолетовата боја заврши на логото на Yahoo?