screen-shot-2015-12-07-at-11-26-18-am

PlayStation го возвраќа ударот на Xbox One, кој Microsoft го зададе со пуштањето на можноста за стриминг на игрите на компјутер со Windows 10 и соработката со Oculus Rift – Sony сега има свој систем за виртуелна реалност кој е подготвен за употреба, а јапонскиот гигант ги покажа и првите игри.

Уредот за виртуелна реалност на Sony наликува на сите други вакви уреди досега, но има малку пофутуристички дизајн со LED осветлување, како што се очекува од еден продукт наменет за гејмерите. PlayStation VR нема да може да работи сам за себе – за да играте игри на виртуелна реалност сепак ќе треба да имате PlayStation 4 конзола, но тоа и беше очекувано – ваквите игри бараат прилично моќна графика.

494459078

Целта на Sony со новиот уред за виртуелна реалност е да понуди искуство во кое играчот ќе може да поверува. Во превод, не да биде целосно реално, туку да може да го вклучи играчот во играта, како тој буквално да е транспортиран на тоа место.

Технологијата е стигната до тој стадиум да сето ова е возможно, благодарение на мноштвото сензори вградени во уредот, но останува дивелоперите да развијат некои навистина интересни игри. Засега, игрите се и натаму демо верзии, кои иако ветуваат многу, не значи дека ќе бидат добри – една игра не ја прави само графиката или во овој случај можноста да се игра во виртуелна реалност.

Сепак, самото тоа што Sony со брендот PlayStation најави лансирање на продуктот заедно со игрите е најава за голема промена во светот на гејмингот, односно дефинитивното исчекорување во светот на виртуелната реалност.

Подолу и неколку трејлери од игрите најавени за PlayStation VR:

100ft Robot Golf

Eagle Flight

Golem

The Modern Zombie Taxi Co.

Job Simulator

Извор: TechCrunch, Engadget, PC Magazine

Претходна статијаДо каде е изградбата на новото седиште на Apple – Декември 2015
Следна статијаAshampoo Uninstaller 5 достапен за корисниците бесплатно