Во изминативе неколку години бевме сведоци на големите промени кои што се случија во светот на соларната и обновливата енергија. Повеќе од јасно е дека со секоја наредна година ќе има се поголем напредок во ова поле, баш како што беше и до сега. Оттука сите со нетрпение очекуваме да дознаеме што не чека во наредната 2017 година која само што не пристигнала.

Прва и можеби најважна информација е тоа што постоечките возила се заменуваат со електрични, многу побрзо отколку што некој можеше да замисли на почетокот на 2016 година. Од друга страна, енергијата што е потребна за да може сите овие возила да се полнат секојдневно исто така треба да е енергија од обновлив извор, зошто во спротивно целиот овој процес би немал никаков ефект. Токму затоа во 2017 година се очекува зголемувањето на производството на електрични возила да биде речиси идентично со зголемувањето на енергијата која што е добиена од обновливи извори.

Договорот кој што е потпишан во Париз стапува на сила. Истовремено Германија ги затвора сите нуклеарни централи што значи деки и оваа држава сериозно ќе се посвети на зелената енергија. Уште еден доказ е шпекулацијата дека еден од најголемите германски и светски автомобилски гиганти BMW изработува план со цел до 2025 година да го зголемува бројот на електричните возила и од 2025, па натака сите возила кои ќе ги произведува да бидат на електричен погон.

Литиумските батерии кои се користат во електричните возила достигнаа бројка од 1,7 милијарди во 2016 година, додека пак во 2017 година оваа бројка се очекува да порасне на 2 милијарди.

Source: RenewableEnergyWorld, EnergyTrend

Претходна статијаБезжичните Airpods слушалки на Apple конечно достапни за нарачка
Следна статијаSynaptics претстави читач за отпечатоци кој работи преку стакло