top-49-influential-men-edward-snowden-20-1088633-TwoByOne

Едвард Сноуден, храбриот поранешен вработен од страна на Националната безбедносна агенција на САД (NSA) кој обелодени многу од нивните не-баш-етички практики на шпиунирање на (скоро) се` што се во можност да го шпиунираат (а новинарите кои известуваа за тоа добија Пулицерова награда), не престанува да изненадува со својот интелект и луцидност.

Последната ваква мудрост ја искажа (виртуелно) гостувајќи во емисијата на Нил ДеГрас Тајсон StarTalk. При разговорот околу интелигентен вонземски живот и зошто се` уште немаме откриено барем некакви траги за неговото постоење, Сноуден ја постави следната теорија: можеби не можеме да го откриеме другиот интелигентен вонземски живот поради тоа што нивните комуникации се кодирани.

Неговото образложение беше дека „… Ако погледнете на кодирана комуникација, ако е правилно кодирана, не постои вистински начин да се каже дека е кодирана. … Не можеш да распознаеш правилно кодирана комуникација од случајно однесување“. Според него, општествата ги држат комуникациите некодирани се` додека не сфатат дека тоа е опасно. Тој продолжува: „Ако имате вонземска цивилизација која се обидува да ги слуша другите цивилизации или нашата цивилизација која се обидува да слуша вонземјани, постои само еден мал период од развитокот на нивното општество кога целата нивна комуникација ќе биде испратена преку најпримитивните и најнезаштитените начини“.

По се` изгледа, ние полека ја сфаќаме оваа опасност – барем ние кои се грижиме за нашата приватност и слободна мисла. За ова огромен придонес имаат хероите како Сноуден кои го прават тоа што е исправно и понекогаш трпат реперкусии како активно гонење и бегање од сопствената земја за да преживеат и да не бидат малтретирани по затвори со децении. Тајсон му ја предизвика теоријата преку наведување дека се прават претпоставки дека вонземјаните ги имаат истите безбедносни ризици како ние на Земјата, на што Сноуден одговори дека е можно тие да бидат „малку политички попросветлени“.

На СмартПортал се надеваме дека слободата на мисла и приватноста ќе ја извојуваат победата против сите нивни непријатели бидејќи тие се основните предуслови за постоењето на слободниот дух и себството на секој човек.

Извор: The Verge, Cnet

 

Претходна статијаБританија ќе тестира специјални ленти кои ќе ги полнат електричните автомобили
Следна статијаOnePlus спрема нов телефон со двојна камера и цена од 249 долари