Секоја технологија од дигиталната ера, после околу 15-20 години, го доживува својот зенит. Така беше со домашните десктоп компјутери, па со лаптопите, како и таблетите. Всушност, ако бидеме детални и обичниот мобилен телефон е веќе мртов. Наскоро, ова ќе им се случи и на смартфоните – според аналитичарите и презентацијата на Марк Цукерберг на овогодинешниот F8 настан, ова ќе се случи многу побрзо од очекуваното.

Причината е што иновации кај смартфоните скоро и да нема. Сите модели личат особено многу едни на други и функционалностите се апсолутно подеднакви на моделите кои ги заменуваат. Годинава на пример има многу модели кои имаат помала рамка околу дисплејот или пак заоблен дисплеј на страните во случајот на Galaxy S8, но тоа не е напредок кој го менува начинот на кој го користиме нашиот смартфон. И натаму имаме голем дисплеј во раката на кој допираме со нашите прсти.

Досега имаше неколку идеи за технологии кои можат да го заменат смартфонот како порта за корисникот кон дигиталниот свет. Многу производители се обидоа со паметни часовници, но тие не успеаја од неколку причини, а главната е што имаат многу мал дисплеј за цела таа дигитална содржина, многу слаба процесирачка моќ и кратко траење на батеријата. Се ова е спротивно на она што ни го нуди еден модерен смартфон и ултимативно, што го бараме од еден пренослив уред.

Според аналитичарите, уреди кои можеме да го носиме и натаму се иднината, но не паметни часовници, туку паметни очила и сл. Поточно, технологии и геџети кои ќе ни овозможат нашата околина да ја направиме како проширена реалност, со холограми и сл. Најдобар пример за ова е HoloLens на Microsoft, уред кој перфектно добро ни најавува како ќе изгледа нашата иднина – мешавина на реалноста со дигиталната реалност, односно популарно наречена проширена реалност.

Ова би било ултимативна дигитализација – наместо да треба да го вадите вашиот смартфон од џебот за да проверите Facebook, Instagram или Twitter, тие ќе бидат цело време достапни околу вас. Во овој случај, ќе треба да се свртите и да упатите поглед до нив и евентуалнот да скролате со вашата рака во воздухот. И иако ова делува како начин на кој може да ви биде загрозена приватноста, ваквите очила можат да имаат скенер за зеницата и да се вклучуваат само кога се пред вашите очи. Всушност, истите овие нешта, во малку подалечната иднина ќе може да ги правиме и со мали, тенки леќи кои ќе ги ставаме на нашите очи. Своевидни киборзи.

Извор: ZDNet, The Sun Daily, Business Insider

Претходна статијаCasio WSD-F20 е робусен часовник со Android Wear 2.0
Следна статијаЗа Windows 10 интересот спласнува, за 7цата расте?