Сигурно може да претпоставите дека повторно се работи за некој вид на дрон. Владата во Сингапур сериозно разгледува опции коишто може да се користат како летечки такси превозници во иднина. 2030 година се споменува како година во која што можеби ќе започнат да се користат специјални дронови за превоз на патници во оваа држава. Еден од најсериозните кандидати е Hoversurf Scorpion прикажан на сликата погоре. Првичната замисла е превоз на еден патник, но тоа може лесно да се промени во иднина, па очекуваме дронови коишто ќе може да пренесуваат и по два или повеќе патници.

Инаку Сингапур важи како една од најиновативните држави во светот кога станува збор за футуристички идеи и нивно реализирање, тоа значи дека е сериозна конкуренција на Обединетите Арапски Емирати на ова поле. Во оваа држава, која што е густо населена, сообраќајот претставува еден од најголемите проблеми многу години наназад. Секоја нова идеја која што може да помогне на ова поле е добредојдена. Државата воведува и посебни даноци за сопствениците на возила, се со цел да се намали бројот на возилата, а да се користи јавниот транспорт.

Сингапур е една од првите држави каде што се тестираат беспилотни такси возила со надеж дека може да помогнат во сообраќајниот метеж. Постојат и автоматизирани патарини кои што ги пренасочуваат возилата на памалку оптеретените патишта. Сепак дури и да успее проектот со летечките такси возила, возовите и во иднина остануваат главниот превозен систем во оваа држава.

Извор: CNet

Претходна статијаГермански научници тестираат вештачко сонце
Следна статијаApple патентира лаптоп куќиште за iPhone во кое тој ќе се користи и како тачпад