Иднината кога секоја површина која не опкружува ќе биде осетлива на допир и ќе може да се користи за управување на некаков компјутер или пак електронски уред и не е многу далеку. Наскоро, ова ќе може да се направи само со кондуктивен спреј, кој треба да се испрска на подлогата која сакате да биде осетлива на допир.

Ова е дело на истражувачи од Карнеги Мелон Универзитетот. Системот се вика Electrick и користи кондуктивен спреј, заедно со посебен алгоритам кој ги мери разликите во електричното полнење на различни делови од подлогата. Всушност, исто како што работат дисплеите на допир.

Ваквиот спреј може да има многу различни функционалности. Може да се користи за ставање на нови контроли во вашиот автомобил – на пример контроли за некоја од апликациите на вашиот смартфон директно на воланот, но може да се става и директно на позадината на паметните уреди и да се користи како различен начин за лансирање апликации.

Создателите велат дека тој може да се користи и на гитара, како начин за лансирање на различни ефекти, нешто што гитаристите денес го прават со ножни педали. Исто така, овој спреј би можел да биде идеален за правење на паметен дом, каде скоро секоја површина би можела да се користи за управување на најразлични делови од него.

Извор: The Verge, Engadget, New Atlas

Претходна статијаПрви рендери од финалниот HTC U11 смартфон
Следна статијаКорисниците трошат време на мобилни апликации повеќе од било кога досега