s6-fb

Таман ќе ја предочиме повторно болката на денешната преносна технологија – батериите – и како тие имаат катастрофален капацитет, и ќе се појави компанија која нуди подобрување на истата. Овојпат таа компанија не е било која туку Samsung, гигантот во потрошувачката електроника.

Од Samsung објавија студија во која се испитува менување на материјалот за анодата (едната од електродите во батериите) во силикон, што само по себе ветува многу бидејќи силиконот како материјал има подобри карактеристики од стандардните литиумски и други типови на електроди. Дополнително, тие сакаат врз или во силиконот да „растат“ графен, што дополнително ќе го зголеми капацитетот на батеријата.

Со ваквите подобрувања се очекува батериите да се стекнат со барем двоен капацитет од сегашната состојба што е навистина големо подобрување. Samsung уште работи на оваа технологија и таа се` уште не е спремна за да биде пуштена на пазарот. Сепак, би можеле да очекуваме некаде во следните 5 години секакви типови на подобрување на енергетските карактеристики на преносните уреди да се појавуваат.

Досега пишувавме за нови типови на батерии, долготрајни батерии, батерии кои траат 50 години, како и паметни нови начини за подобрување на енергетската ефикасност и искористивост. Да се надеваме дека вистински напредок во ова поле ќе следи наскоро и нема да трчаме со полначите во рака барајќи го најблискиот штекер пред да си одиме дома од работа.

Извор: Engadget, PC Perspective

Претходна статијаБезжичното полнење за телефоните ќе стане многу побрзо
Следна статијаПрва бионичка рака која има димензии и функционира слично на вистинска