Една од најважните карактеристики на електричните возила е капацитетот на нивните батерии. Важноста на оваа карактеристика ќе се изрази уште повеќе во иднина. Токму затоа многу од автомобилските компании ги насочуваат нивните средства, време и енергија во развивање на долготрајни брзополнечки батерии за автомобили. Samsung иако не произведува автомобили, сепак можеби го има решението за автомобилска батерија на иднината. Нивниот производ ќе има капацитет од 500, па дури и до 600 километри со едно полнење, кое пак ќе биде „експресно“ наполнето за околу 20 минути.

Корејскиот гигант ги снабдува BMW со литиумски батерии за нивните возила. Новата генерација на батерии од Samsung треба да ја очекуваме на почетокот на наредната декада, односно некаде во 2021 година. Дотогаш се очекува многу од автомобилските компании да имаат нивни електрични возила на патиштата, со тоа што и конкуренцијата во производството на батерии за возила ќе биде многу поголема.

Поголемиот капацитет сакаат да го постигнат без да додаваат повеќе ќелии во батеријата, што би значело и поголема тежина во возилото. Што се однесува до полнењето, Samsung сака да примени технологија на брзо полнење која ќе биде користена за нивните смартфони. Сите овие новитети корејците ги претставија на интернационалното северно американско автомобилско шоу во Детроит. Друга иновација која ја претставија на ова шоу се 21.700 цилиндричните батерии кои нудат одличен перформанс, со подобрена густина и капацитет.

Многу од производителите на електрични автомобили најавуваат дека во иднина ќе се фокусираат на овие цилиндрични батерии за нивните возила.

Извор: Engadget, MyBroadBand

Претходна статијаI.D.-Buzz новиот електричен минибус на Volkswagen
Следна статијаThermaltake го редефинираат воденото ладење со RGB фитинзи