Render6_800x300

S-512 е авион од компанијата Spike Aerospace кој што треба да претставува првиот авион од овој тип, односно бизнис приватен авион, кој што ги превезува патниците со брзина поголема од брзината на звукот. Spike Aerospace е компанија која се занимава со инженерство и консултации во областа на воздухопловството, која што има за цел развивање на решенија во авијацијата кои што се побрзи, побезбедни и поефикасни од моменталните. Дел од тимот се и бивши инженери од компании како, Gulfstream, Eclipse и Airbus.

Spike S-512 треба да лета со брзина од 1,6 до 1,8 маха, односно скоро два пати побрзо од брзината на звукот. Алтернативните решенија кои што се сметаат за прилично брзи, не ја надминуваат границата на брзината на звукот. Поточно и во комерцијалниот сообраќај веќе не се користат суперсоничните авиони поради звукот што го испуштаат при пробивање на звучната бариера, популарно наречен соничен бум. Како od Spike ќе го решат овој проблем не е нагласено, па останува да се види кога авионот ќе ги добие сите потребни дозволи и официјално ќе почне да се користи.

City1_800x300

Брзината од 1,6 до 1,8 маха претставува брзина од 1700 до 1900 километри на час, а за споредба останатите авиони летаат со просечни брзини не поголеми од 1000 km/h. Со оваа брзина, Spike ќе ги пренесува патниците, кои што може да бидат од 12 -18, скоро за дупло пократко до саканите дестинации. На пример, патот од Лондон до Њујорк во просек трае од 6 до 7 часа, додека со Spike тој пат би се скратил на 3 до 4 часа, а патот од Лос Анџелес до Токио од сегашните 14-16 на околу 8 часа.

Цената на овој авион треба да биде од 60-80 милиони американски долари и се разбира целната група ќе му бидат богатите бизнисмени кои што веќе користат некои од конкурентните бизнис авиони.

Претходна статијаMSI ќе ја претстави својата нова линија на мобилни уреди за време на CES 2014
Следна статијаСРЕЌНА НОВА ГОДИНА
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.