extra_large-1468583386-cover-image

Изгледа дека на Руската Федерација не им е доволно тоа што имаат интерконтинентални ракети кои со суперсонична брзина можат да покријат илјадници километри, па решиле да работат на нови оружја во сферата на нуклеарното вооружување.

Се работи за авион-бомбардер кој, според некои информации, ќе може да полета од Земјата, да ја напушти атмосферата и да влезе во вселената, да се движи со суперсонична брзина и, нормално – да фрла нуклеарни боеви глави. Воедно авионот ќе биде „невидлив“ (stealth) преку начинот на изработка.

Тоа ќе се постигне со правилен избор на материјали кои имаат продолжени заоблени облици, како и материјали кои апсорбираат огромен дел од електромагнетни зрачења. Тоа ќе резултира во неможност бомбардерот да биде детектиран од радари базирани на електромагнетни зрачења.

Авионот има кодно име ПАК-ДА. Додека е во атмосферата ќе лета на стандарден керозин, но кога ќе излезе од атмосферата ќе лета на комбинација од сопствен кислород и метан. Поради способноста да лета со суперсонични брзини ПАК-ДА ќе може да допатува до било кое место на Земјата за 1 до 2 часа!

Ова, комбинирано со неговата невидливост и носење на нуклеарни оружја ќе го направи застрашувачки убиец кој не треба да се чепка (нешто слично како азиски џиновски стршлен). Русија очекува бомбардерот да влезе во служба некаде при 2025-та година и да почне да плаши баба-роги (НАТО-вци) по небото.

Дополнителни информации: ExtremeTech, IFLScience

Претходна статијаMicrosoft Pix е нова, супер лесна но моќна фото апликација за iPhone
Следна статијаMicrosoft отпушта дополнителни 2.850 вработени