Компанијата Seegrid развива автономно-управувано индустриско возило или поедноставно кажано, вилушкар. Дизајнирање и конструкција на вилушкар не би се сметало за особено значаен подвиг доколку не се знае дека истиот е автономно-управуван и способен за маневрирање и самостојно управување со товар.

Овој изум, дополнително оди во прилог на она што се вели процес на роботизација на индустријата, односно исфрлање на човечкиот фактор од процесот на производство. Иако според ставот на компанијата која го произведува моделот GP8 Series 6, негова примарна задача е да им помага, а не да ги замени работниците, јасно е дека ваквиот тренд кој е актуелен во изминатите век и половна, ќе резултира со комплетна замена на човечката работна сила во својата завршница.

Она што може да се издвои како револуционерно е фактот дека вилушкарот е способен да функционира комплетно самостојно, без далечинско управување или потреба од надзор. Возилото има способност да пријде до палета, која брзо и ефикасно може да ја подигне и пренесе до наредната одредница.

Автоматското управување почива на 10 камери интегрирани на возилото со способност за препознавање на слики, односно препознавање на теренот и околината, што машината ја прави оперативна во секој простор без потреба од адаптација. Камерите со кои е опремено возилото овозможуваат јасна слика од 360 степени, што дури ги надминува перформансите на сензор технологиите кои се користат во авто-индустријата.

https://www.youtube.com/watch?v=okUMltyt4pY

Извор: Digital Trends, SEEGRID

Претходна статијаGalaxy Note 8 е игра на сигурна карта, што не значи дека не е импресивен смартфон
Следна статијаГинисов рекорд за синхронизиран роботски танц на 1.069 роботи