Роботска рака која е создадена од Mitsubishi може да им го земе работното место на бармените и шанкерите. Создадена е од шест оски и може да се движи во повеќе насоки држејќи шоља за кафе.

Ова е замислата на првата роботизирана кафетерија во САД наречена Cafe X. Првата кафетерија од ваков вид веќе неколку месеци функционира во Hong Kong. Првиот Cafe X во САД ќе биде лоциран во центарот на Сан Франциско. Тука ќе се служат само еспресо пијалоци, а цените ќе бидат прифатливи.

Ова е дело на стартап компанија на 23 годишниот Henry Hu која е лоцирана во Сан Франциско. Henry не е загржен за тоа како може овој робот да влијае врз работните места на бармените и шанкерите во САД и општо во светот. Како и многу други претприемачи од областа на автоматиката, вели дека технологијата во иднина ќе им овозможи на луѓето да прават покорисни работи во своето слободно време.

Идеата ја добил откако нестрпливо чекал ред за да купи кафе. Исто така вели дека идеата за користење роботи не е заштедата на пари, туку можноста луѓето да бидат попродуктивни. Вработените во кафетериите префрлуваат илјадници шољи за кафе по цел ден, од една страна на друга и тоа воопшто не е продуктивно. Тоа е досаден процес кој што цело време се повторува и затоа треба да го препуштиме тој процес на роботите.

Наместо тоа, експертите за правење кафе сега може да внесуваат рецепти на Cafe X машината. Како и да е, во секоја кафетерија од овој тип ќе мора да биде присутен барем еден човек кој што ќе им помага на гостите во користењето на апаратот.

Извор: Forbes, DigitalTrends

Претходна статијаSamsung на MWC ќе го претстави моќниот Galaxy Tab S3 таблет
Следна статијаThomson Alo е концепт смартфон без дисплеј, но со холограм и вештачка интелигенција