Во последно време зачестија новостите од различни компании за автономни автомобили, додека пак во останатите транспортни системи досега неможеше да се слушне некоја позначајна иновација освен дронови. Но Pyka, сака да го промени тоа и да се доближи до тоа со креирање на првиот автономен летачки авион за еден човек.

Pyka, веќе има создадено  авион тежок 181кг, кој може да полета и слета во 27.5 метри. Авионот може да лета со брзина од 112.5 километри на час.

Звучи доста амбициозно, но и самата желба да го скршат мразот носи со себе поголеми потешкотии. Имено за да може вакви автономни авиони да превезуваат луѓе потребно е да поминат низ многу тестирања, и регулативи со цел патникот да биде побезбеден.

Но инжинерите од Pyka не спијат, додека чекаат да ја добијат дозволата за превоз на луѓе, развиле бизнис модел во Нов Зеланд за прскање на земјоделски култури по цена од 600 долари за еден час. Овој пазар во САД, надминува 1.5 милијарди долари годишно.

Авионот се само-адаптира на различни површини и тоа му овозможува да лета доста ниско. Ваквите летови знаат да бидат доста ризични и Pyka му овозможува на својот пилот да остане на земја и да го надгледува процесот на работа на авионот.

Цената на авинот сѐ уште не е позната, но од Pyka најавуваат дека нивната технологија е екстремно брза и пристапна за работа.

Извор: FlyPyka, DailyMail, Natural News, TechCrunch

Претходна статијаInstagram автоматски ќе ги пушта сите звуци на видеата штом еднаш ќе биде вклучен
Следна статијаХакери сокриле вирус во CCleaner