Можеби сте запознаени со „експериментите“ кои што SolarCity и Tesla постојано ги испробуваат на различни локации низ светот, а кои се однесуваат на добивање на обновлива енергија. Така пред скоро време успеаа еден цел остров да го ослободат од зависноста на користењето на дизел гориво за добивање на електрична енергија. Жителите на овој остров сега добиваат енергија од соларни панели, што значи дека се ослободени од трошокот од неколку стотици илјади литри дизел гориво годишно, и секако трошокот за транспорт на ова гориво до островот. Да не заборавиме дека истовремено не го загадуваат воздухот.

Основачот на Tesla, Elon Musk истакна дека ова е само почеток и се надева дека во најскоро време ќе почне да се користи во САД и низ целиот свет, прво во помалите градови (села), па потоа и во големите.

Дека работите се движат во посакуваниот правец, можеби и побрзо од очекуваното, ни потврдува оваа новост која ни доаѓа од сојузната држава Охајо.

Имено селото Минстер во Охајо прифати проект кој што е веќе во изградба, со кој што ќе добива електрична енергија од соларни панели и истата ќе може да се складира за понатамошна употреба. Капацитетот на електричните панели се проценува на 4,2 мегавати, додека пак капацитетот на складирање се проценува на 7 мегавати.

Сето ова им овозможува на жителите на ова место, стабилност во снабдувањето со електрична енергија, одржливост и помали трошоци во идинина. Кога ќе се комплетира овој проект ќе биде најголем од овој вид на територијата на САД.

Извор: Bricker, RenewableEnergyWorld

Претходна статијаHoloActive Touch – виртуелен екран во новите модели на BMW
Следна статијаGalaxy S8 нема да може да се испорача со Viv дигиталниот асистент поради договор со Google?