1493826463565142957

Таман помисливме дека ќе можеме барем физички да се спасиме од шпиунските активности, научниците од МИТ не’ уверија дека правото на приватност не го признаваат толку. Во нивниот најнов експеримент/технологијата, тие успешно користат испраќач на безжични сигнали за да препознаат човек со 90% сигурност. Низ ѕид.

Тие на проектот работат уште од 2013 година, кога го користеле овој принцип за откривање на движење на предмети низ ѕидови. Сега RF-Capture системот е доволно способен да препознае човечка фигура и да распознае на кој човек му припаѓа.

Принципот на работа е следен: испраќачот на сигнал праќа електромагнетно зрачење низ ѕидот. Брановите поминуваат на другата страна, а во зависност од тоа што има таму се одбиваат, апсорбираат или продолжуваат понатаму. Кога се работи за луѓе, ние природно одбиваме дел од ЕМ зрачењето и набљудувајќи ги одбиените зраци научниците од МИТ успеале да утврдат делови од тело, да препознаат чие е телото, па дури и да препознаат срцева активност и дишење.

Нормално, кога се запрашани која ќе биде примената на оваа сомнително-инванзивна технологија од МИТ, одговорија дека може да биде искористена за следење на движењата на постари лица за да им се помогне ако случајно паднат. Сепак, свесни се за можната злоупотреба како шпиунска технологија, па изјавија дека работат на специјални блокатори кои ќе оневозможат некој човек да биде следен без негова дозвола. Прилично сме сигурни дека во НСА ќе најдат дупка и во тоа ако веќе не нашле.

Извор: The Verge, Gizmodo

Претходна статијаТрадиционалните маркетинг агенции и дигиталниот пазар
Следна статијаGest ви дозволува да ги користите движењата на раката за управување со компјутерот