Дали некогаш сте посакале уред кој што може да произведе, складира и да ве снабди со електрична енергија кога тоа Ви е потребно? Компанијата SolPad го има вистинското решение. Најголемата предност на производот од SolPad е преносливоста, особено знаејќи дека поставувањето на соларни панели не е воопшто едноставна работа. Од меѓусебно поврзување на комплицирани компоненти до подесување на батерии и управувачки уреди.

Производот наречен SolPad Mobile се состои од 72 ватен соларен панел, батерија од 600 ватни часови, контролен систем, вградено светло, па дури и WiFi hotspot. Панелот тежок 11 килограми ќе може да ги задоволи потребите на едно просечно семејство, особено во летниот период. Батеријата целосно се полни за 10 часа изложеност на сончева енергија. Капацитетот на батеријата може да се измери со бројка од 60 полнења на смартфон или пак 30 полнења на таблет.

Различни панели може да се комбинираат во една целина со едноставно поврзување помеѓу нив. Цената на еден ваков производ ќе биде 1.395 долари, а нарачките ќе стартуваат во мај оваа година. Инсталирањето на SolPad Mobile ќе Ви одземе само неколку минути, тоа е една од најголемите предности споредбено со класичните соларни панели. Подесувањето на панелот кон сонцето во различни делови од денот, е само уште една потврда дека овој уред е поефикасен и попаметно решение од другите слични производи на пазарот. Одлична вест за љубтелите на кампување во природа, авантуристите, но пред се семејствата во неразвиените земји кои воопшто немаат или имаат нестабилен енергетски систем.

Извор: DigitalTrends, Curbed

Претходна статијаКина ќе користи дронови за помош при земјотреси
Следна статијаBrainster.io – Колекција од +250 бесплатни алатки за поуспешна кариера!