Фото: Porsche

Директниот конкурент на Tesla Model S, комплетно електрифицираниот Porsche Mission E, за прв пат е забележен во јавност. Porsche го најави комплетно електрифицираниот модел во 2015-тата, меѓутоа ретко кога известуваше за прогресот при конструирањето.

На фотографијата која се појави на некои сајтови за автомобилизам може да се забележи возило со препознатлив дизајн за Porsche. Меѓутоа евидентно е дека се работи за недовршен прототип. Дизајнот се движи некаде помеѓу популарната 911-ка и „семејната“ Panamera.

Фото: Autocar.co.uk

Она што до сега е познато е дека компанијата соработува со Hitachi по прашањето на батеријата, која се шпекулира дека ќе овозможи покривање на дистанца од околу 500-тини километри. Потрошените батерии имаат можност да бидат надополнети до неверојатни 80% за период од само 15 минути.

Што се однесува до моторите, ќе имаат комбинирана сила од 590 ks. Со тоа под хаубата, возилото ќе достигнува брзина од 0-60 км/ч за само 3,5 секунди. Цената на комплетниот производ не би требало да надминува 100.000 американски долари.

Според она што е актуелно во авто индустријата во моментов, извесно е дека новото Porsche ќе поседува некаков вид на автономно управување и слични финеси својствени за новата генерација на возила.

Извори: TheVerge, BusinessInsider

Претходна статијаGoogle Home Mini е мал и евтин звучник со Google Assistant
Следна статијаGoogle Pixelbook е лаптоп/таблет од високата класа со Chrome OS и Android апликации