Пластиката е насекаде околу нас. Најновата вест што радува е дека научниците успеле да претворат пластичен отпад во течно гориво. Сето ова има логично објаснување ако се знае дека самата пластика се прави од петролеум, или поточно правењето пластика е еден од начините на кој се трошат резервите на гориво во светот, од 8% до 10% од резервите.

Добро е да се знае дека при овој процес се троши помалку енергија отколку кај другите процеси на добивање дизел гориво. Од друга страна секако најважно е тоа што можеби е пронајден начин за да се исчисти светот од пластичниот отпад кој секојдневно се зголемува и само е прашање на време кога ќе ја изгубиме контролата врз истиот.

Бројките поврзани со производството на пластика и зголемувањето на пластичниот отпад се застрашувачки. Околу 100 милиони тони пластика се произведуваат годишно во светот и дури 95% од оваа бројка завршуваат во отпад после само една употреба. Досега сите решенија од типот на закопување под земја или фрлање на истата во океаните се покажаа како погрешни.

Прогнозите велат дека до 2050 година во океаните на земјата ќе има повеќе пластика одколку риби. На нас останува најскоро што може да пронајдеме решение за овој проблем, на кој очигледно не му посветуваме доволно внимание.

На прашањето дали дизел горивото добиено од пластичен отпад ќе го реши проблемот со енергетската криза, одговорт засега е не. Но да не забораваме дека ова е само почеток на процес кој во иднина може да се покаже како еден од најважните за спас на планетата.

Извор: Seeker, 1BagataTime, ScienceAlert

Претходна статијаTCL наскоро ќе лансира нови BlackBerry смартфони
Следна статијаБришење на Facebook апликацијата ќе ви заштеди 20% од батеријата