Една од најпознатите јапонски компании веќе подолго време работи на напредни технологии за автомобилите, како на пример нови типови на батерии, но сега тие се ориентираат и кон вештачката интелигенција. Во нивниот случај, наместо да развиваат систем за автономно возење, тие развиваат систем кој нема да му дозволи на возачот да заспие зад воланот.

Системот функционира така што проценува дали возачот е поспан преку инфрацрвен сензор, сензор кој ја чита околината, термален сензор кој ја отчитува температурата на телото и камера која го гледа лицето. Според Panasonic, со помош на сите овие сензори и специјални алгоритми со вештачка интелигенција, тие можат да проценат дали возачот е: малку поспан, поспан, многу поспан или сериозно поспан.

Ова вештачката интелигенција го прави преку мониторирање на тоа колку трепка со очите возачот и колку се брзи тие трепкања, какви експресии има на лицето, колку му е ладно или топло итн (на топло полесно се заспива). Овој систем може да процени 1.800 различни експресии на лицето и тоа го прави прилично прецизен во намената која ја има.

Системот реагира така што ја намалува температурата во автомобилот, но и го засилува светлото во кабината, со цел да ја намали дремката кај возачот. Од Panasonic имаат истражено која е идеалната температура и идеалното светло за да останете будни и тоа го применуваат кога ќе сте поспани. Сепак, доколку ситуацијата е екстремна, системот ќе препорача да застанете и да одморите, нешто што треба секогаш да го правите при подолги патувања.

Извор: Engadget, Ubergizmo, Enterpreneur

Претходна статијаLG најави претставување на V30 за 31 септември, промовира супер квалитетна камера
Следна статијаSamsung го претстави супер издржливиот Galaxy S8 Active