Фото:
паметен билборд
Фото:TechnologyReview

Напредокот на технологијата дава голем број на поволности во секојдневниот живот на луѓето. Меѓутоа, особено е интересно кога фузија на технолошките достигнувања и маркетингот ќе резултираат со дигитален, паметен билборд.

Таков пример можеше да се забележи минатиот ноември на обиколницата околу главниот град на Русија. Имено, сопствениците на BMW x5 и Volvo XC60 кои се нашле на оваа рута биле „мета“ на токму ваков уред. При доближување до паметниот билборд истиот прикажувал реклама таргетирана токму на сопствениците на овие два модели. Рекламата промовирала нов модел на SUV од британската марка Jaguar. Покрај самото таргетирање, овој паметен билборд прикажувал различни сцени. На пример, во попладневните часови Jaguar-от бил прикажуван со соодветната позадина или во маневар по снежно време, доколку временските услови на патот биле такви.

Ваквиот начин на таргетирање на публика е сосема вообичаен кај дигиталните медиуми. Со новите технологии истото воопшто не е комплицирано да се спроведе и во реалниот свет. Па така, билбордот функционира со помош на софтвер кој умее да го препознае моделот на автомобил кој се доближува. Камера поставена на околу 180 метри пред самиот билборд го фотографира возилото кое се доближува и умее да распознае дали се работи за некој од таргетираните автомобили. Софтверот потоа одбира соодветна реклама која ќе ја прикаже на патниците во возилото.

Компанијата која стои зад оваа идеја, Synaps Labs, планира да го прошири својот бизнис на начин што ќе го усовршува традиционалниот начин на рекламирање. Според нивните пресметки со низа слични методи на таргетирање, традиционалните реклами би можеле да доспејат до многу поголема и поконкретна публика.

Извори: TechnologyReview, McClatchyDC

Претходна статијаИзумител од IBM очекува драматични промени во наредните 2 децении
Следна статијаКако ќе изгледа Windows 10 со Fluent Design во Fall Creators Update