Што би ве спречило да возите електричен автомобил во овој момент? Многумина би одговориле дека финансискиот дел е главен проблем, но исто така полнењето на овој вид на возила се’ уште претставува тешкотија. Tesla Superchargers нудат многу побрзо полнење отколку повеќето јавни електрични станици кои се користат денес. Сепак дури и тоа не е доволно брзо знаејќи дека се потребни 40 минути за да се наполни 80% од батеријата, или 75 минути за целосно полнење.

Оттука не е тешко да се претпостави дека овој вид станици се далеку од бензиските станици кои ги користиме денес, кога станува збор за времето поминато на истите. Сепак сето ова може да биде минато во најскоро време. Основачот на Tesla, Елон Маск, најави дека третата генерација на Tesla Superchargers ќе биде многу побрза од претходните две.

Изразено во бројки, денес може да се пофалиме со „само“ 150 kW, додека пак според Маск, 350 kW ќе бидат како детска играчка кога станува збор за најновата генерација на Tesla Superchargers. Секое подобрување во однос на брзината на полнење на електричните автомобили е добредојдено. Особено затоа што со зголемената брзина на полнење, овој вид возила стануваат подостапни за корисниците и поедноставни за користење.

Се шпекулира дека flash-charging технологија од 600 kW ќе се користи за полнење на електрични автобуси, без истите да имаат значително доцнење на нивните закажани дестинации. Бројката од 4 до 5 минути е целосно прифатлива, особено ако се спореди со тоа што денес ни е на располагање.

За крај да потсетиме дека електричната енергија која што ќе ја користат овие станици мора да биде добиена од обновливи извори, во спротивно ќе се изгуби смислата на нивното користење. Tesla и Elon Musk веќе инсталираат соларни панели за потребите на овие станици на територијата на САД.

Извор: Engadget, Ubergizmo

Претходна статијаКапитол мол подготвува бројни изненадувања за новогодишните празници… Останете вклучени
Следна статијаGionee M2017 е скап и луксузен смартфон со масивна батерија од 7.000 mAh