Уште откако постојат екраните во боја, било дали се работи за LCD, OLED, Plasma или пак постарите со катодна цевка, сите работат на еден ист начин – прикажуваат слика со пиксели, кои пак се состојат од три „суб пиксели“ во црвена, зелена и сина боја. Со мешање на боите од овие пиксели, односно затемнување на дел од пикселите, се постигнуваат сите бои кои во моментот ги гледате на вашиот дисплеј, било дали се работи за смартфонот, лаптопот или компјутерот.

Сега, научници од “NanoScience Technology Center” на Универзитетот во Централна Флорида, открија нов начин на прикажување на пикселите, без да има потреба од RGB (red  green  blue) „суб пикселите“. Поточно, тие открија нов тип на пиксели со нано структура и рефлективен алуминиум, кои можат да ги прикажат сите бои само со менување на волтажата, без да има потреба од „суб пиксели“ во трите основни бои. Ваквите екрани инстантно би имале три пати повисока резолуција од таа на актуелните, што е огромен скок.

Овие екрани нема да имаат само повисока резолуција, туку поради начинот на кој ги палат и гасат пикселите ќе имаат и побрз одговор и многу помазно движење, нешто со кое LCD дисплеите и не се справуваат баш најдобро, но истражувачите велат дека и натаму треба да поработат на освежувањето на дисплејот, односно фреквенцијата.

Исто така, бидејќи секој пиксел ќе има свое осветлување, зголемен ќе биде контрастот како и целосната светлина на дисплејот, веројатно подобро дури од OLED дисплеите.

Извор: Gizmodo, New Atlas, First Post

Претходна статијаGalaxy Feel е релативно мал смартфон со солидни перформанси
Следна статијаInTech MeetUp #3 на 6 јуни во АБЦ Кафе Бар