Денешните патнички авиони летаат прилично брзо – достигнуваат преку 900 km/h. Сепак, патниците веќе бараат побрз транспорт, односно брз барем колку Конкорд авионите кои летаа со малку над брзината на звукот, но кои беа повлечени од безбедносни причини, како и недостаток на удобност и експлозивен звук секаде каде што ќе поминат (најчесто над Атлантикот, што и не беше некој особено голем проблем).

Како и да е, научниците од Универзитетот од Манчестер и Централно Јужниот Универзитет во Кина работат на развој на нови решенија кои ќе овозможат безбедни ултрасонични летови.

Едно од од нив е нов керамички материјал, кој има многу поголема отпорност на високи температури, што значи дека ќе овозможи движење со многу повисока брзина низ воздухот, но ќе биде и потраен, бидејќи не оксидира, нешто што многу полесно се случува на високи температури.

Благодарение на термичката отпорност на овој материјал, ваквите авиони би можеле да се движат пет пати побрзо од звукот, без да се намали безбедноста на патниците.

Материјалот е особено значаен, бидејќи при тие ултрасонични брзини, поради триењето со воздухот температурата на телото на авионот може да се покачи до 3.000 степени Целзиусови, што е температура на која се топи скоро секој познат метал. Новиот керамички материјал според научниците е 12 пати поотпорен од досега користениот Циркониум Карбид.

Ова би можело да има големи последици на авио транспортот – со брзина пет пати поголема од таа на звукот, траењето на летовите може да се скрати за 6-7 пати, што може да биде многу значајно при долгите прекуокеански летови.

Извор: New Atlas, Daily Mail, The Engineer

Фото: NASA

Претходна статијаВашето тело може да се користи како батерија за електронски геџети
Следна статијаСо Microsoft 365 можете да лиценцирате Windows 10 и Office истовремено