university-southampton-researchers-create-revolutionary-optical-fiber-preforms-using-3d-printing-00002

Додека сите зборуваме за тоа дали ќе лансираат нов паметен телефон наредната година, подзаборавивме на тоа дека финскиот гигант е алфа и омега во светот на телекомуникациите, што го докажува со развојот на нова оптичка интернет мрежа, која ќе овозможи вртоглави брзини од 1 терабит во секунда, односно 1.000 гигабити во секунда (1 Tbps, односно 1.000 Gbps).

Оваа брзина на интернет е многу, многу повисока од сите технологии досега – до 1.000 пати повисока од Google Fiber. За колкава брзина се работи, доволно е да се знае дека еден Full HD филм од торент со големина од околу 8 GB, може да се симне за само дел од секундата. Всушност, со оваа брзина веќе нема да има „брзина на симнување“, туку целиот интернет ќе ви биде буквално на дланка – скоро и да нема да треба да чекате дури и за најголемите датотеки.

Пред да се возбудите, оваа интернет мрежа е сѐ уште во развој и веројатно ќе треба да почекаме години и години пред да можеме да ја имаме во нашите домови. Како и да е, Nokia неделава треба да изврши презентација на оваа технологија, која е направена во соработка со Техничкиот Универзитет во Минхен и “Telekom Innovation Laboratories”.

Досега, во лабораторија, неколку различни истражувачи успеаја да постигнат вакви брзини, но од Nokia велат дека ова е првата која ќе работи во реалниот свет, што е добра вест и најава дека дел од неа би можела побрзо од очекуваното да се пресели во комерцијални потреби.

Извор: BGR, ZDNet, Nokia

Претходна статијаОтповикот на Note 7 може да го чини Samsung 1,35 милијарда долари
Следна статијаYahoo потврди хакирање на нивната мрежа – украдени податоци од 500 милиони корисници