nasa-3dprint-space

Nasa идната година планира да испрати 3D принтер, кој треба да ги замени големиот број на алати, резервни делови и залихи што им се потребни на астронаутите. Со користењето на 3D принтерите астронаутите ќе можат да дизајнираат и направат неограничен број на објекти зависно од моменталната потреба. 3D принтерите ќе го прават објектот слој по слој од пластика, која ќе биде во форма на конци замотани околу калеми.

Калемите со пластика со тек на време би ги замениле големиот број на инструменти и друг тип на хардвер што моментално дополнително се носи за да се користи во случај на потреба. Доколку 3D принтерите станат стандарден дел од опремата што се носи во вселената, потребата од носење на различни инструменти нема да постои. Секоја потреба од одреден инструмент ќе биде направена преку 3D принтерот. Исто така ќе може да се направат инструменти кои што не биле планирани, а потребата од нив се појавила поради одреден случај.

Првиот тест и со тоа 3D принтер испратен во вселената се планира за идната есен, во 2014 година.

 

Претходна статијаРаботна маса што ќе ви помогне да вежбате
Следна статијаSpike: уред за ласерско мерење и моделирање преку паметните телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.