3d-nano

Пред неколку месеци пишувавме за саемот на потрошувачка електроника CES каде што стана јасно дека на ерата на 3D TV која брзо доби на публицитет, уште побрзо и дојде неславен и тивок крај и тоа главно поради цената на 3D очилата. За елиминација на очилата се зборува уште од самиот почеток на 3D телевизорите и нивно претставување на пазарот.  Имало многу проби и пристапи (Nintendo и Toshiba во 2010) за нивно отстранување но сите неуспешни, се до сегашниот предлог за употреба на нано-технологија.

Професорот Jayan Thomas од одделот за нано-технологија на Универзитетот на Централна Флорида досега има добиено 400.000 долари од Националната Фондација за Наука на САД, за решавање на овој проблем.

jayan-thomas

Неговиот предлог е преку употреба на техники за нано принтање да создадат специјални дисплеи, чии што слики ќе се појавуваат во 3D форма без употреба на очила. Целта за производство на полимерни композитни материјали преку нано-технологија е да се постигне побрз процес на снимање на 3D сликата.

Во овој пристап се користат голем број на камери поставени над и околу еден објект за да се снима објектот од различни страни. Процесот на снимање треба да е многу брз за да човековото око не ги забележи сликите кои се менуваат, а се снимани од различни перспективи. Поради ова и се потребни нови материјали, како што е во случајов новиот пластичен тип на дисплеј кој ефикасно би прикажувал 3D слики.

Што нуди оваа нова технологија и дали ќе биде поуспешна од досега понудените останува да видиме. На нас останува да продолжиме да гледаме 3D телевизија со очила, се додека ова интересно решение не се усоврши и не стане достапно на пазарот.

Претходна статијаSynaptics ветуваат подобар сензор за отпечатоци на прсти во иднина
Следна статијаGoogle ќе се „отвори“ за Ara во април