601444435

Сончевите ќелии имаат граница на ефикасноста, наречена Шокли-Кјуизерова граница. Се работи за ефикасност од 33,7% која не може да се надмине поради ограничувања на физиката, а не поради нивото на напредок на техниката.

Сепак, научниците не би биле умни глави ако застанат и не се обидат да ја „заобиколат“ оваа граница. Најновата обиколница е интересна техничка финта изведена на MIT Универзитетот при која сончевите зраци не се префрлаат директно во електрични сигнали.

Се работи за употреба на специјални нанофотонски кристали кои ја акумулираат светлината како топлина и потоа ја зрачат назад. Зрачењето назад може да се префрли во точно одредени електромагнетни фреквенции („боја“) при кое префрлањето во електрична енергија е најефикасно. Место да се префрлаат во електрична енергија само одредени рангови на фреквенции вака се прибира многу повеќе од светлината која инаку би се фрлила. За да функционираат овие кристали тие треба да бидат загреани на околу 1.000 целзиусови степени.

Фототермоволтаици одблиску
Фототермоволтаици одблиску

Овие ќелии се нарекуваат сончеви фототермоволтаици и ја зголемуваат значително ефикасноста при префрлање на сончевата енергија во електрична. Според истражувачите, ваквите фототермоволтаици можат да бидат потенцијално двојно поефикасни од стандардните, што значи дека можат да влезат во рангот на 67% ефикасност! Тоа би значело дека од истата површина ќе може потенцијално да се добие двојно повеќе енергија, што секако ќе ги израдува поборниците за обновлива енергија, како и создавачите на електрични автомобили (на пр. Tesla Motors со нивната Gigafactory).

Инаку, дополнително подобрување е што сончевата енергија се акумулира. Во случај на привремено поминување на некој облак пред Сонцето, тој нема да влијае на енергијата која се префрла во електрична бидејќи кристалите ќе продолжат да ја зрачат акумулацијата. Технологијата потенцијално ветува и создавање на електрична енергија во текот на 24 часа поради истата одлика.

Дополнителни информации: Engadget, MIT, Nature, TechCrunch

Претходна статијаOffice и Skype ќе доаѓаат пред инсталирани на уредите од Xiaomi
Следна статијаMicrosoft Magic Mirror е огледало кое прикажува информации и кое можете да го направите сами