Се’ уште постои доза на скептицизам кога станува збор за автономните возила. Тоа е оправдано, не само поради цената, која иако е најавено дека значително ќе се намали, сепак се’ уште ќе биде висока, туку и поради целиот тој процес на „навикнување“ на таквиот вид на возила во секојдневието. Очекувањата се дека дури и после 10 или 20 години ретко кој би бил сопственик на автономно возило. Одтука се појавува можност која што Microsoft реши да ја искористи преку нивната платформа за конектирани автомобили.

За што се работи? Конектираните возила ќе бидат поврзани на еден централен сервер кого ќе го снабдуваат со најразлични податоци. Потоа тие податоци ќе бидат достапни за сите останати конектирани возила на патиштата. Со ова се очекува да се штеди време со избегнување на најпрометните улици, да се избегнат сообраќајните несреќи, да се штеди гориво и секогаш да се наоѓаат најдобрите рути за возење.

Планот на Microsoft не е само меѓусебно поврзување на автомобилите туку и со тек на време и конектирање со домовите и канцелариите. Дури и постарите возила ќе можат да се прилагодат и да се поврзат на сервер, не само модерните кои што ќе имаат автономна или безпилотна технологија. Сето ова може да се случи и побрзо отколку што очекуваме.

Microsoft платформата за конектирани возила овозможува алгоритми и алатки достапни за производителите на автомобили. Примерот со Cortana е идеален за претставување на можностите кои ги нуди оваа платформа. Cortana може да Ве предупреди дека треба порано да тргнете на пат кон работното место затоа што има застој во сообраќајот. Доколку не можете да стигнете на време на состанокот ќе Ви предложи видео вклучување. За да се вклучите преку видео Ви треба стабилен интернет, Cortana ќе одбере улици во градот каде што конекцијата е посилна.

Извор: VentureBeat, Forbes

Претходна статијаЗимски совети за безбедност на пешаците во сообраќајот
Следна статијаИзлезе првиот трејлер за Alien: Covenant кој ќе ви ги одземе соништата