Screenshot_3

Microsoft е еден од лидерите во „Вештачката Интелигенција“, односно компјутерски систем кој може да учи со текот на времето. Најновиот нивни напредок може да препознае што има на било која фотографија, со прилично голема точност.

CaptionBot е веќе поставен онлајн и секој од вас може да го проба со било каква фотографија. Резултатите што ги враќа се најчесто точни, особено ако на фотографијата е јасно за што се работи. Сепак, има фотографии каде вештачката интелигенција може да се збуни и да даде погрешни резултати, но сепак таа не е никогаш далеку од резултатите.

Screenshot_4

На пример, на мојата фотографија сум фотографиран со тренерки а не со одело, но тоа веројатно не може да го забележи ниту некој човек бидејќи фотографијата е скратена во долниот дел. Исто така, верувам дека не личам 59% на Алекс Гарланд, но најдобро е да оцените сами.

На втората фотографија која ја пробав, на која новиот Xiaomi Mi Max е ставен во џеб од фармерки, CaptionBot пак целосно погреши и ја препозна како патика сликана од близина. Овошјето пак одлично го препозна, иако згреши дека е поставено на маса.

Screenshot_5

Ова и не е чудно, особено бидејќи CaptionBot е и натаму во фаза на учење – колку повеќе фотографии пробуваат корисниците и потоа даваат оценки за тоа колку добро ја препознал фотографијата, толку вештачката интелигенција ќе станува подобра. И без грижи, Microsoft нема да ги искористи вашите фотографии, односно ветува дека ја чува вашата приватност.

Извор: Gizmodo, CaptionBot, Mashable

Претходна статијаНаучници создадоа 60% посветли LED преку имитирање на светулките
Следна статијаNokia го купи Withings, производител на фитнес и медицински тракери