Mercedes се очекува да го претствави својот AMG Project One на претстоечкото Интернационално мотор шоу кое ќе се одржува од 14-ти септември во Франкфурт. Се работи за спортски супер-автомобил кој се заснова на „Hybrid“ технологијата.

Според достапните податоци, автомобилот ќе поседува солиден дел компоненти и технологии кои Mercedes ги користи при конструирањето на своите Ф1 болиди, адаптирано за секојдневна, комерцијална употреба.

Возилото ќе биде придвижувано со помош на 1,6 литарски, турбо В6 мотор базиран на Ф1 технологијата, во комбинација со два електрични мотори со 134, односно 107 кс. Се очекува машината да покаже перформанси на мотор со комбинирана сила од преку 1.000 коњски сили, со што би достигнала максимална брзина од 217 милји на час.

Ваквите перформанси, секако доаѓаат по скапа цена, во поглед на одржувањето. Имено, моторот на овој автомобил, со овие перформанси, би морал да биде ремонтиран на секои изминати 50.000 километри.

Што се однесува до цената, овој GT-дизајниран супер-автомобил ќе чини неверојатни 2.54 милиони американски долари. AMG кои стојат зад Project One велат дека во план им е производство на само 275 вакви возила, што кругот на потенцијални сопственици го стеснува на привилегираниот минимум клиенти на Mercedes.

Извори: Mercedes-Benz, Engadget, Autoblog, Mbus

Претходна статијаiPhone 8 всушност ќе се вика iPhone X?
Следна статијаFacebook до детали ја мапираше популацијата на 23 држави