Mercedes можеби малку доцни кога станува збор за електричните возила, или пак за плановите за производство на овие возила, но секако очекувањата од оваа германска компанија се огромни. Daimler објави дека во наредните десет години панираат да произведат најмалку шест различни видови на електрични возила. Најновите вести што доаѓаат од ова компанија велат дека овие планови се сменети. Сега целта на Daimler е да се произведат повеќе од десет различни електрични автомобили и тоа во период до 2022 година. Тоа се три години порано од првичната цел поставена пред шест месеци.

Се поставува прашањето која е причината за оваа промена во плановите на германскиот гигант. Постојат повеќе логични причини за ова, од кои најмногу се истакнува конкуренцијата. Најсериозна опасност за превземање на овој пазар доаѓа од преку атлантикот, од американските компании Tesla и Chevrolet, но мора да се биде претпазлив и со далечниот исток каде што главниот збор го водат Nissan, Toyota, но и кинезите BYD. Пред се Mercedes ќе треба да се справи и со своите германски конкуренти, BMW, Volkswagen итн.

Од друга страна расте притисокот од германската влада за намалување на емисиите на штетните гасови во воздухот. Daimler планира да вложи десет милијарди евра со цел остварување на своите планови во ова поле. Тие сакаат веднаш агресивно да влезат во овој релативно нов пазар. Кога станува збор за Mercedes воопшто и нема сомневање дека ќе бидат едни од најпродаваните и најуспешните во светот на електричните автомобили во иднина.

Извор: Engadget, Fortune

Претходна статијаHuawei го пушта P10 во пред-продажба со подарок – луксузни комплет додатоци
Следна статијаДали Samsung ги реализира идеите на Apple за нивниот Galaxy S8?