Скенерите за отпечатоци прво почнаа да се вградуваат во голем број на лаптоп компјутери, но вистинскиот подем го доживеаја кај смартфоните – денес дури и најевтините кинески паметни телефони имаат еден. Отсега, вакви скенери ќе има и на платежните картички, со цел да се зголеми нивната безбедност.

Кај нас ова можеби и не е најдобро решение, бидејќи многу од помладите некако навикнаа да купуваат со картичките на своите родители. Интересно, Mastercard картичката има меморија за два отпечатоци, но тие ќе мора да бидат на корисникот и на никој друг.

Од друга страна, ваквата заштита дефинитивно ќе го отежне патот на крадците да стигнат до Вашите пари. Исто така, сега нема да мора да го кажувате на глас својот пин на продавачката во маркетот (навистина, не го правете тоа) – само ќе треба да ја ставите сам картичката во терминалот.

Според Engadget, кои веќе ј пробаа оваа картичка, читањето на отпечатокот и целосното плаќање се одвиваат исклучително брзо, иако има неколку процеси вклучени, како комуникација на картичката со банката за проверка на средствата, читање на отпечатокот и повторна комуникација за да се потврди плаќањето.

Картичката со скенер за отпечатоци на Mastercard е сепак компатибилна само со терминалите во кои можат да се вчитаат картички со чип, но не и со магнетните картички. Причината е едноставна – магнетните картички не можат да зачуваат доволно податоци за цел отпечаток.

Извор: Engadget, CNBC, The Verge

Претходна статијаDxTER е систем од уреди кој ги има (скоро) истите можности на трикордерот во Star Trek
Следна статијаCareerLaunch Talks – 7 говорници кои ќе ве натераат да започнете нова кариера