fbpx

Lockheed Martin лансира егзоскелетон кој ќе помага на војниците да носат многу потежок товар

Светскиот рекорд во дигање големи тежини на Алексеј Лочев од Русија изнесува 264 килограми, што е навистина многу, но технологијата за егзоскелетони би можела да ни овозможи подигнување на многу поголеми тежини од оние кои може да ги издржи човечкото тело. Компанијата Lockheed Martin веќе лансира ваков егзоскелетон, чија главна намена ќе биде да им помогне на војниците да подигнат многу поголеми тежини и да можат да одат на потешко достапни терени.

Идејата зад вакви егзоскелетони не е особено нова и во научно-фантастичните изданија постои повеќе од половина век. Идејата е човечкото тело да биде помогнато од надворешен скелетон, кој ќе има сопствена енергија и кој ќе ги помогнува сите движења на телото на човекот кој го носи, со цел тој да може да подигне поголеми тежини, но и да ја зачува енергијата.

Името на егзоскелетонот на Lockheed Martin е “Fortis Knee Stress Release Device” и истиот е сѐ уште во тест фаза. Од компанијата велат дека во тестирањата, кои биле правени со тежина од 18 килограми на грбот и градиент од 15 степени нагорнина, луѓето кои го носеле егзоскелетонот заштедувале енергија и биле видливо многу помалку истрошени по тренингот отколку без него.

Егзоскелетонот инаку функционира така што ги следи движењата на носачот со специјални сензори и потоа ги копира, помагајќи во секое движење на телото. Новиот дизајн, според производителот овозможува и поудобно носење со помала болка во зглобовите и грбот. За жал, главната примена на оваа технологија ќе биде во војската, односно ќе биде првично наменета за војниците кои носат тешки оружја, но би можела да се примени и кај пожарникарите и градежниците.

Извор: IB Times, Popular Mechanics, Lockheed Martin

Претходна статијаApple Watch може да открие „хипертензија“ и „спиечка апнеа“
Следна статијаAndroid ја следи вашата локација дури и ако целосно исклучите GPS и немате SIM во телефонот