150817190639-charging-highways-780x439

Електричниот автомобилизам тропа на голема врата. Тоа што го пробија Tesla, Toyota и BMW, сега почнува да се шири (скоро) насекаде. Па и во Британија.

Имено, оваа држава наскоро ќе започне со тестови на специјални патни ленти кои ќе имаат намена да ги полнат електричните автомобили во движење. Самите автомобили ќе одат врз лентата и ќе бидат полнети од во нејзе вградените електромагнетни кола користејќи го ефектот на електромагнетна индукција. Тоа значи дека патиштата ќе создаваат наизменично магнетно поле кое во допир со спроводник во автомобилот ќе предизвикува придвижување на електроните.

Кога автомобилот ќе вози по оваа специјална лента неговата автономија ќе биде продолжена, а можеби и неограничена. Британија ќе почне со тестирање на овие ленти оваа година, а не е прва која и` текнало – веќе (друг тип на) ленти за полнење на електрични возила беа тестирани во Јужна Кореа, а и претходно беа тестирани станици за електрични автобуси кај Милтон Кејнс во Бртанија (со тоа што автобусите мораа да застанат на лентата за да бидат полнети).

Идејата за динамично полнење на електрични автомобили е одлична, но потенцијално многу скапа. Оддржувањето на електрично поле по должината на илјадници километри пат не е баш едноставен инженерски зафат, но ако човештвото успеало да изгради маглев возови со стотици и илјадници километарски растојанија ќе може да го оствари и ова. Со ова би требало да се помогне за побрз и поиздржан влез на електричните возила на пазарот, тоа што Tesla се обидува (но тешко им оди) да го сторат со ширењето на станиците за полнење.

Извор: Mashable, CNN

Претходна статијаMicrosoft Lumia 550 е првиот евтин Windows 10 телефон
Следна статијаСноуден дава интересна теорија за вонземскиот интелигентен живот