Ladybird е робот кој работи на соларна енергија и е создаден за работа на земјоделските полиња. Овој проект вреден 1 милион долари е дело на истражувачите од Универзитетот во Сиднеј, Австралија. Првичните задачи на овој соларен робот ќе бидат собирање на информации, иако може да детектира инсекти, да го искорне вишокот на трева итн. Ова второто може да го направи благодарение на функционалната роботска рака, која во иднина може да се користи и за сеење и собирање плодови.

Соочени со големи суши, фармерите во Австралија би биле задоволни со било каква помош, па дури и од роботи, без да се плашат дека истите ќе им ја земат работата. Овие роботи без никакви дилеми може да ја зголемат ефикасноста и продуктивноста во земјоделието, поради тоа што може да работат 24 часа дури и преку ноќ. Роботите можат автономно да се движат и да собираат податоци. Собирањето на податоци го вршат преку камери и ласери.

Еден ваков соларен робот беше успешно тестиран на една фарма во Австралија. Сопственикот на фармата вели дека во иднина ваквите роботи ќе бидат неизбежни насекаде во светот. Сепак колку и да има корист од еден ваков уред, најголемиот проблем останува цената. Можеби цената од еден милион долари за прототип и не е така висока, но нема најави за намалување доколку се започне со сериско производство. Високата цена е сосема логична и очекувана знаејќи дека се работи за толку напредна технологија.

Извор: MotherBoard, ABC

Претходна статијаБил Гејтс: Да се стават повисоки даноци на роботите, за луѓето да не ги загубат работните места
Следна статијаGalaxy S8 и S8+ ќе чинат скоро 1.000 долари, ќе имаат батерии од Sony?