Веќе преголем број на познати луѓе од светот на технологијата предупредуваат дека вештачката интелигенција би можела да биде евентуално опасна по човештвото, односно дека во догледна иднина би можела да се сврти против нас. Сега, креатори од веб страната “Autonomus Weapons” направија и краток филм, на кој можат да се видат опасностите кои ги носи вештачката интелигенција, а насочени буквално кон убивање на луѓето.

Всушност, главната опасност со вештачката интелигенција е како ќе ја применат луѓето, а не сама по себе. Тоа е веќе подалечна иднина. Во поблиската иднина, компјутерите со вештачка интелигенција би можеле да се употребат за убивање на голем број на луѓе, супер ефикасно, бидејќи ваквите оружја ќе бидат многу поспособни во извршувањето на таа задача од луѓето.

Во филмот причината за убивање на 8.300 студенти е објавувањето на вирално видео за корумпираност на социјалните мрежи, нешто што властите потоа го користат како причина за да ги убијат младите деца. Всушност, вештачката интелигенција би можела и самата да ги најде сите кои имаат такви објави на своите социјални мрежи и потоа да ги таргетира.

Видеото е прилично насилно и јас препорачувам да не се сфати во буквална смисла, туку во насока на тоа како вештачката интелигенција би можела да се употреби за уште поголема контрола на нашите животи во иднина, односно особено во тоа што правиме со нашите профили на социјалните мрежи. Препорачувам да се изгледа, а потоа ја препорачувам и култната серија “Black Mirror”, која во секоја епизода ни претставува евентуална иднина предизвикана од начинот на кој денес ги живееме нашите животи.

Извор: The Next Web, Big Think, Space

Претходна статијаTesla лансира супер скапа екстерна батерија која личи на “Supercharger”
Следна статијаМакпетрол со 11 медали на државното првенство за кадети, јуниори и постари јуниори