shutterstock_157122776

DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency) е американска државна агенција која се занимава со создавање на нови технологии и нивно искористување за (најчесто) воените и научните потреби на САД. Како можеби најголемото „чудо“ кое го имаат создадено е Интернетот.

За да можат да измислуваат и имплементираат идни напредни технологии потребно е да имаат прилично добра способност за предвидување на иднината и потребите на САД и луѓето. Тие тоа дефинитивно го имаат, па секогаш е интересно да се прочита или види кои се нивните предвидувања.

За 2045 година тие имаат неколку предвидувања. Едно од нив е околу воените беспилотки и другата воена технологија која дотогаш ќе стане многу попаметна. Тоа значи дека ќе има способност според ситуацијата на теренот и емоционалните телесни експресии на војниците да познае што точно се случува и како да изреагира без да има потреба експлицитно да им се каже. Тие исто така предвидуваат дека до 2045 г. четвртина од сите воени единици ќе бидат автономни машини.

Од друга страна, до 2045 светот ќе биде доминиран од нанотехнологијата. Значаен напредок во оваа област има веќе, со пронаоѓање на разни материјали (како графен) кои се стекнуваат со интересни и егзотични карактеристики кои во природата ги немаат. Со помош на нанотехнологијата ќе се надгради секоја опиплива технологија и област, како на пример, вештачки раце и други делови од телото, подобри чевли, подобро здравје преку нанороботчиња кои пливаат низ вас и се борат и така натаму.

И последното големо предвидување е надоаѓањето на умствено контролирана технологија. Ние дури и сега имаме некои рудиментирани способности со помош на мозочни бранови да вршиме разни функции, како управување со возило на пример. Тоа до 2045 г. ќе биде усовршено и ќе можеме да управуваме со цели сложени (полу)автоматизирани системи преку мислите.

Нормално, има уште еден куп на технологии кои истражувачите од DARPA ги спомнуваат, па вреди да ги погледнете сите видеа погоре.

Сметате дека DARPA има пропуштено нешто? Пишете ни коментар подолу.

Извор: IFLScience, TechInsider

Претходна статијаНов фотонски процесор работи со помош на светлина, има 10 до 50 пати побрз трансфер
Следна статијаHTC One X9 – 5,5 инчен телефон од средно-високата класа со поволна цена